Дома Фудбал Италија Историја на „Сан Сиро“: 15-годишно момче стана најмлад дебитант во Серија А

Историја на „Сан Сиро“: 15-годишно момче стана најмлад дебитант во Серија А

Милан оствари тешка победа од 1-0 над Фиорентина, а Франческо Камарда стана најмладиот фудбалер кој заиграл во Серија А.

Единствениот погодок на мечот беше постигнат во судиското продолжение од првото полувреме кога Тео Ернандез беше фаулиран во шеснасетникот на Фиорентина. Французинот го изведе ударот од белата точка и погоди за водство од 1-0.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Сепак, овој меч ќе биде запаметен бидејќи беше испишана нова историја во Серија А. Имено, Камарда стана најмладиот фудбалер кој некогаш заиграл во италијанското првенство.

Франческо Камарда, со 15 години, осум месеци и 15 дена стана е најмладиот дебитант во историјата на Серија А.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите на Барса бесни на скапата ѕвезда: Оди си од клубот📷

Навивачите на Барселона на социјалните мрежи испратија серија на критики кон еден играч, и…