Дома Фудбал Нејмар објави снимка на која вреска од болка

Нејмар објави снимка на која вреска од болка

Само два месеци откако во трансфер вреден половина милијарда евра од ПСЖ се пресели во Саудиска Ал Хилал и по враќањето од една од бројните повреди, Нејмар заработи тешка повреда.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Се повреди минатиот месец на натпреварот меѓу Уругвај и Бразил (2:0) во квалификациите за Светското првенство.

На Нејмар му се скинати вкрстените лигаменти и менискусот на левото колено, што може да се санира само со операција и долга терапија.

Нејмар беше опериран на почетокот на месецот, а процедурата траеше четири часа. Тој се соочува со пауза од шест до девет месеци. Тоа значи дека за него сезоната е завршена, но и дека ќе ја пропушти Копа Америка.

До јужноамериканското првенство остануваат девет месеци, а Нејмар, кој дотогаш ќе има 32 години и го симна Пеле како најдобар стрелец во историјата на Бразил, допрва треба да победи на големо натпреварување со националниот тим.

Три недели по зафатот, Нејмар објави видео од болната агонија низ која поминува за време на постоперативната терапија.

Тој беше снимен како плаче, вреска и го моли терапевтот да престане да ја лекува оперираната нога и да ја движи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Дешан здивна: Салиба е целосно здрав

Вилјам Салиба е здрав и ќе може да учествува во пријателскиот натпревар на Франција пред М…