Дома Фудбал Анчелоти го повика Модриќ на страна и му порача: „Сега покажи ми дека згрешив…“

Анчелоти го повика Модриќ на страна и му порача: „Сега покажи ми дека згрешив…“

Лука Модриќ (38), легендата на Реал кој годинава најчесто беше на клупата за резерви, се враќа во првиот тим за неделниот натпревар од Ла Лига.

Второпласираниот Реал во 14. коло гостува кај Кадиз, кој е на 16. место и се бори за опстанок.

Марка, најчитаниот шпански спортски медиум, пишува дека се очекува Модриќ да биде во првиот тим на тој натпревар.

Причина за тоа се повредите на голем број играчи, меѓу кои и играчите од средниот ред Чоамени и Камавинга, кои беа потешко повредени.

Модриќ во вторникот го одигра целиот натпревар за Хрватска против Ерменија во евроквалификациите, а ова ќе биде само 7-ми пат во 18-те натпревари сезонава да игра во првиот тим на Реал и само петти настап во стартниот тим во првенство.

Шпанските медиуми откриваат дека Карло Анчелоти го мотивирал Модриќ на последниот тренинг на Реал пред да се врати во првиот тим, очигледно на подолг временски период.

Пренесуваат дека го издвоил од тренинг групата и му рекол: „Сега е моментот кога треба да ми покажеш дека згрешив и дека треба да играш повеќе“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…