Дома Фудбал Модриќ сепак оди во Арабија? Италијанскиот новинар тврди дека преговорите напредуваат

Модриќ сепак оди во Арабија? Италијанскиот новинар тврди дека преговорите напредуваат

Лука Модриќ следното лето, а можеби и порано би можел да замине во Саудиска Арабија, тврди познатиот италијански новинар Руди Галети.

Тој во четвртокот вечерта на Твитер објави дека преговорите на Ал Ахли со капитенот на хрватската репрезентација добро напредуваат и ќе продолжат наскоро.

„Ал Ахли исто така го сака Касемиро и моментално работи на тоа да ги убеди двајцата да дојдат.

После тоа ќе контактираат со своите клубови бидејќи сакаат да ги доведат веќе во јануари“, напиша Галети, навестувајќи дека некогашните соиграчи од Реал би можеле повторно да играат заедно.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…