Дома Фудбал Дани Алвеш би можел да помине девет години во затвор

Дани Алвеш би можел да помине девет години во затвор

Започна судскиот спор во кој бразилскиот фудбалер Дани Алвеш (40) е обвинет за сексуален напад, криминална категорија која вклучува силување во Шпанија.

Поранешниот бразилски репрезентативец и ѕвезда на трофејната генерација на Барселона се соочува со обвинение за сексуален напад во ноќен клуб во Барселона на 31 декември 2022 година.

Судењето го чека во затвор, каде што е од јануари, а доколку биде прогласен за виновен, му се заканува затворска казна од шест до 12 години.

Во овој случај обвинителството пред судењето побара Алвеш да добие казна затвор од девет години.

Судењето се уште не е започнато, ниту е познат датумот кога ќе започне.

Алвеш ја менуваше својата приказна неколку пати, дури во една верзија рече дека никогаш не ја сретнал жртвата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Клоп сака ред и дисциплина, еве што забранил уште од првиот ден!

Познатиот стручњак Јирген Клоп вчера го одржа својот прв тренинг на чело на германската ре…