Винсент Ибрахимовиќ, синот на легендарниот шведски фудбалер, Златан доби повик во кампот на репрезентацијата на Шведска за фудбалери родени 2008 година.
Синот на Ибрахимовиќ кој има 15 години е член на италинански Милан, а вкупно на овој камп повикани се 66 фудбалери кои ќе се обидат да се изборат за место во репрезентацијата на Шведска до таа возраст.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Покрај Винсент, Ибрахимовиќ има уште еден син, Максимилијан, но ова е првпат некој од нив да биде поврзан со шведската репрезентација.
Максимилијан исто така игра за Милан, но во тимот до 18 години. Тој игра на крилната позиција и оваа сезона за јуниорскиот тим на „росонерите“ одигра пет натпревар и не се запиша во листата на стрелци.