Иако имаше понуди, сепак македонскиот репрезентативец Елиф Елмас летово одлучи да остане во Наполи.
Меѓутоа, сезоната не почна добро за Елмас, кој не добиваше шанса кај тренерот Гарсија, па главно беше на клупата за резерви.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Елмас очекува работите да се променат со доаѓањето на Мацари на клупата, но веќе размислува да ја промени средината.
Наполи се обидел да започне преговори за да му го продолжи договорот кој му истекува во 2025 година, но Елмас наводно нема да брза со одлуката и ќе почека да види како ќе се одвиваат работите.
Интерес за македонскиот репрезентативец покажуваат клубови од Премиер лигата и Ла Лига.
🔥2 clubs from the Premier League and La Liga are monitoring the situation of Napoli's 24-year-old Macedonian player Eljif Elmas.
— Ekrem KONUR (@Ekremkonur) November 21, 2023
🇲🇰 #ForzaNapoliSempre🔵⚪#Napoli pic.twitter.com/XHzs2jf80b