Дома Фудбал На Барселона и се случи катастрофа. Познато е колку ФИФА ќе и плати за ова

На Барселона и се случи катастрофа. Познато е колку ФИФА ќе и плати за ова

Барселона вчера ја потврди тешката повреда на 19-годишниот Гави кој на квалификацискиот натпревар меѓу Шпанија и Грузија ги скина вкрстените лигаменти на десното колено.

Во понеделникот Гави беше на дополнителни медицински тестови, а неговиот клуб соопшти дека фудбалерот ќе подлежи на операција оваа недела. Тој ќе го пропушти остатокот од сезоната.


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Иако Барселона не објави кога го очекува неговото враќање, многу често ваквите повреди, операција и опоравување значеа најмалку половина година одмор за спортистот. Често подолго. Секој ден од неговото отсуство, ФИФА е обврзана финансиски да го обештети клубот.

Според своите прописи, ФИФА е обврзана да и плати на Барселона 20.548 евра за секој ден отсуство, доколку тоа отсуство е подолго од 28 дена.

Затоа, од 16 декември ќе почне да ја надоместува штетата на Барселона. Доколку Гави паузира шест месеци, Барселона ќе добие 3,08 милиони евра, а доколку паузира осум месеци, ќе добие 4,315 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барса го прегази Баерн, Атлетико шокиран во Мадрид🎥

Дербито на вечерта во Лигата на шампиони се играше во Барселона, каде каталонскиот гигант …