Дома Фудбал ВИДЕО Украинците бараа пенал против Италија во 93. минута. Дали се оштетени?

ВИДЕО Украинците бараа пенал против Италија во 93. минута. Дали се оштетени?

Украина и Италија одиграа 0:0 во Леверкузен во последното коло од квалификациите од групата Ц за ЕП 2024.

Италијанците имаа доволно бодови да го обезбедат второто место зад Англија, а со тоа и директен пласман на ЕП.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


На Украинците, пак, им беше потребна победа, додека со овој резултат ќе мора да поминат преку дополнителни квалификации.

Украинците бараа пенал во драматичната завршница на натпреварот.

Украинците полудеа барајќи пенал, кој доколку го реализираа ќе обезбедеа директен пласман на ЕП.

Сепак, главниот судија, Шпанецот Хесус Гил Манцано, не досуди ништо. Спорната ситуација на крајот од натпреварот погледнете ја ТУКА. Да потсетиме, Италија во 2024 година ќе ја брани титулата европски првак освоена пред две години.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар триумфира против Работнички во скопското дерби

Во рамки на 32. коло од Првата македонска фудбалска лига, Вардар славеше минимално со 1-0 …