Дома Фудбал Барди: Дај Боже Милевски да остане селектор

Барди: Дај Боже Милевски да остане селектор

Капитенот на Македонија, Енис Барди кој даде гол со кој нашата репрезентација одигра 1:1 против Англија, по мечот порача дека посакува селекторот Благоја Милевски да остане на чело на националниот тим.

-Со селекторот Милевски направивме многу добри работи и во репрезентацијата до 21 година и сега во овој момент.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Мислам дека се познавме добро и дај Боже да продолжиме да соработуваме заедно. Не ги знам деталите од неговиот договор само знам дека го почитувам многу и имам голем респект за него.

Зборевме цела година како треба да се игра за репрезентација, да се излезе на терен и се остави срцето. Така беше денеска и на крај го земавме тој бод кој многу нѐ радува.

Една мала Македонија заслужено зема бод против Англија и мислам дека ова е знак за иднината. Можеме против секој да се натпреваруваме, рече Барди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Перез по елиминацијата од Баерн им одржал лекција на сите фудбалери на Реал освен на еден!

Ситуацијата во Реал Мадрид е комплицирана откако тимот беше елиминиран од Лигата на шампио…