Кога во ПСЖ ќе биде расположена тројката Нејмар, Кавани и Мбапе на противникот лошо му се „пишува“, а тоа денес на своја кожа го почуствува тимот на Бордо кој беше убедливо поразен со 6:1.
Нејмар го отвори резултатот со фантастичен гол уште во петата минута, потоа следуваше асистенција на Нејмар, а гол на Кавани за после само 12 минути игра резултатот да биде 2:0.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Не поминаа ниту десет минути игра, а ПСЖ постигна и нов погодок овој пат преку Муниер, за веќе убедливи 3:0. Потоа во 40 минута ПСЖ доби пенал и тука следувше изненадување. Веројатно сите очекуваа Кавани да биде изведувачот, но не, одговорноста ја превзема Нејмар кој го постигна својот втор гол на средбата.
Во финишот од средбата Дракслер после одличната асистенција од Мбапе погоди за „петарда“ уште во првиот дел. Во меѓувреме почесен гол за гостите постигна Сакхаре.
Во вториот дел, Дракслер му возвраќа на Мбапе, овој пат тој му асистираше, а Мбапе кој зголеми на 6:1. Вториот гол за гостите го постигна Малком од пенал во 90 минута.