Со почеток од 15:30 во германското првенство се одиграа четири натпревари, а најголемо внимание секако привлекуваше оној во кој Борусија Дортмунд играше на гостински терен против Аугусбург.
Требаше да стигне седмото коло за голманот на Борусија, Бурки за прв пат да биде совлада во германската Бундеслигата, но сепак тоа на „милионерите“ нема да им значи многу бидејќи стигнаа до посакуваните три бода.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гостите од Дортмунд рано уште во четвртата минута од средбата стигнаа до предност и тоа преку Андреј Јармоленко кој на одличен начин се снајде во шеснаесетникот и со пета ја испрати топката во мрежата на домаќините. Само седум минутуи пдоцна Каибу беше човекот кој за прв во сезоната го совледа Бурки во Бундеслигата и израмни на 1:1.
Украинецот, Јармоленко денес беше исклучително расположен за игра па веќе во 23 минута сега во улога на асистент го пронајде Кагава кој на мајсторски начин погоди за 1:2. Во вториот дел немаше погодоци па овој резултат се покажа и како конечен.
Во останатите натпревари Волсбург и Маинц одиграа 1:1, Франкфурт го совлада Штудгарт 2:1 , додека натпреварот помеѓу Менхенгладбах и Хановер на кој имаше мал прекин сеуште е во тек, а резултатот е исто така 1:1.