Жоржињо кој не реализираш најстрога казна вчера против Македонија ги промаши вкупно последните четири пенали за италијанската репрезентација.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Иако важи за одличен пеналџија во последно време влезе во катастрофална серија. Промаши пенал во финалето на ЕП против Англија, па не реализираше два пенали против Швајцарија во квалификациите за СП, а не беше успешен ниту вчера.
Димитриевски одлично ја прочита неговата намера и го запре ударот. Сепак, Спалети нема дилеми дека тој ќе остане главен изведувач.
„Жоржињо имаше одличен и деликатен натпревар. Разговаравме и му кажав дека тој ќе го шутира и следниот пенал“, откри Спалети на прес-конференцијата.