Дома Фудбал Репрезентации Познат италијански тренер завршил во болница пред натпреварот Италија – Македонија

Познат италијански тренер завршил во болница пред натпреварот Италија – Македонија

Италијанските медиуми потврдија дека вчера на „Олимпико“ имала една непријатна ситуација пред почетокот на натпреварот помеѓу Италија и Македонија.

Поранешниот познат италијански стратег, Ренцо Уливиери доживеал здравствени проблеми и итно бил пренесен во болница каде што бил и задржан во теот на ноќта.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Докторите му ги направиле сите потребни тестови пред да му дозволат да ја напушти болницата. Најавите за среќа се дека нема ништо сериозно и тој ќе биде пуштен на домашно лекување.

Во овој момент 82-годишниот Уливиери е претседател на италијанската тренерска асоцијација, а во кариерата како тренер водеше екипи како Наполи, Парма, Болоња, Торино…

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Меси имаше најчуден прием во животот: Не можеше да верува што зборува Трамп (Видео)

Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп ги прими фудбалерите на Интер…