Дома Фудбал Реал Мадрид соопшти лоша вест: Заврши годината за Камвинга

Реал Мадрид соопшти лоша вест: Заврши годината за Камвинга

Реал Мадрид денес потврди дека Едуард Камвинга заработил повреда на лигаментот на десното колено во текот на репрезентативната пауза.

Повредата Камвинга ја заработил по судар со Дембеле на тренингот на репрезентацијата на Франција. Како што стојат работите паузата ќе биде од неколку недели и Камвинга на теренот ќе се врати на почетокот на јануари.

Ова значи дека ќе ги пропушти натпреварите против Кадиз, Наполи, Гранада, Бетис, Унион Берлин, Виљареал и Алавес, а можеби и некој плус.

Но, тука не е крајот на проблемите на Реал Мадрид. Винисиус Жуниор се повреди во настапот за Бразил против Колумбија, Бразилецот ја обнови повредата на коленото која веќе ја имаше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ѓозубујук на центарот во Скопје, Словенија доаѓа по второто место

Холандска судиска екипа ќе го води последниот дуел на Македонија во групната фаза од Лигат…