Дома Фудбал Шок за Реал Мадрид – се повреди Винисиус

Шок за Реал Мадрид – се повреди Винисиус

Фудбалерите на Бразил се поразени на гостувањето кај Колумбија во квалификацискиот натпревар за Светското првенство.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Натпреварот заврши 2:1 за домаќинот, а го одбележа и повредата на бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

Бразил одлично го отвори натпреварот од 5. квалификациско коло и поведе со голот на Габриел Мартинели во четвртата минута.

Асистент за водство на Бразил беше токму Винисиус, кој кон средината на првото полувреме почувствува болка во горниот дел од левата нога и ја напушти играта.

Помеѓу 75. и 79. минута Луис Дијаз ги постигна головите за пресврт и победа на домашните.

Ѕвездата на Бразил и Реал Мадрид ја заработи повредата во центарот на теренот без никаков контакт и во момент кога не направи никакво нагло движење. Винисиус ја следеше акцијата, се движеше во правец на делот од теренот кој во тој момент и припаѓаше на домашните, а потоа само застана, седна на тревникот и побара лекарска помош.

Беше сменет и преселен на клупата. Ова е нов удар за Реал. За време на репрезентативната пауза се повредија тројца клучни играчи или им беа потврдени повредите поради репрезентативни обврски. Винисиус е последниот во низата во која се Џуд Белингем и Едуардо Камавинга.

Што се однесува до отсуството на Винисиус, Ас наведува дека се ќе зависи од проценката на неговата состојба, но и дека и мала повреда би можела да го спречи да игра оваа година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Држава со само 135 фудбалери учествува на Светското првенство

Курасао освои место на Светското првенство. Со популација од само 156.115 жители, тие стан…