Дома Фудбал Репрезентации Спалети: Македонија не е само Елмас и Барди

Спалети: Македонија не е само Елмас и Барди

Селекторот на Италија, Лучијано Спалети искажа голем респект кон Македонија пред утрешниот.

„Навикнати сме пред вака важни натпревари да имаме проблеми со повреди, замор и откази. За жал тоа е составен дел од фудбалот. Играчите играат многу натпревари за своите клубови. Од дуелот во Скопје до сега работиме напорно за да се подобриме, за да ги намалиме грешките. Утре за нас ни е најважна победата, а потоа ќе видиме што понатака. Најважно е да одиграме одличен натпревар и да победиме“, истакна Спалети.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


„Мислам дека Македонија не се само Барди и Елмас. Селекторот Милевски е многу спремен и докажа дека сте репрезентација за респект. Елмас тоа што го кажа денеска дека сака пак да не изненадат е доказ дека Македонија подготвува нешто. Елмас е супер дечко кој на мал простор знае да направи чудо”, додаде Спалети.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Вирц може да биде само почеток: Слот добива и напаѓач од 114 милиони евра?!

По трансферот на Флоријан Вирц, Ливерпул го насочи погледот кон – Александер Исак! О…