Италијанските гиганти Милан и Интер на лето ќе водат голема битка на трансфер пазарот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Главна цел ќе биде ѕвездата на Лајпциг, Бенџамин Шешко, кој има 20 години и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Словенскиот репрезентативец го споредуваат со Халанд, бидејќи блесна во дресот на Салцбург, а сега игра одлично во Бундеслигата.
Шешко на 16 меча оваа сезона постигна 9 гола и Лајпциг сигурно нема лесно да се откаже од својата ѕвезда и за неговата слобода ќе бара најмалку 50 милиони евра.
Приоритет на миланските клубови ќе биде доведување на врвен напаѓач, но конкуренцијата за Шешко ќе биде голема.