Дома Фудбал Хаос на дербито во Мостар: Натпребарот трипати беше прекинуван!

Хаос на дербито во Мостар: Натпребарот трипати беше прекинуван!

Дербито на Мостар помеѓу Вележ и Зрињски помина во една хаотична атмосфера, а во него на крајот славеа домаќините со убедливи 3:0.

Резултатот од натпреварот на оваа средба беше во втор план поради инцидентите кои се случуваа. Првиот прекин дојде во судирот помеѓу навивачите на Зрињски и полицијата, додека преостанатите два беа дело на домашните фанови.

Реакции предизвика транспарентот кој содржеше кукаст крст, усташки симбол, давидова ѕвезда и полов орган. Интервенираа и фудбалерите на Вележ кои ги убедуваа навивачите да го остранат транспарентот за натпреварот да продолжи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Прегратка поважна од ривалството: Кимих откри зошто му пријде на Ковач

Капитенот на Баерн се врати на терен по смртта на својот татко, а средбата со поранешниот …