Дома Македонски спорт Мак фудбал Чурлинов: Играме за Македонија и не треба да има изговори

Чурлинов: Играме за Македонија и не треба да има изговори

Македонските фудбалски репрезентативци денес се собраа и ги стартуваа подготовките за натпреварите со Италија и Англија.

Натпреварот против Италија го играме на гостински терен во Рим на 17. ноември, додека три дена подоцна во Скопје ќе гостува Англија

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Иако немаме шанси да се пласираме на Европското првенство, целта е да дадеме се од себе. Тоа го правиме секогаш кога играме за Македонија, така ќе биде и сега. Сите знаеме против какви велесили ќе играме, ќе ги анализираме и Италија и Англија, но ние немаме што да загубиме. Едноставно треба да излеземе на терен и да одиграме максимално“.

„Имаме доволно конкуренција во нашиот тим и се надевам дека тоа ќе му донесе профит на тимот. Играме за Македонија и ги браниме овие бои, нема простор за изговори кога го браниме националниот грб. Подготвен сум за игра, подобро се чувствувам од минатиот пат и му стојам на располагање на селекторот доколку избере да бидам на теренот“, изјави Чурлинов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…