Дома Фудбал „Како што им велев „не“ на саудијците, така нудеа се повеќе и повеќе, беше лудо…“

„Како што им велев „не“ на саудијците, така нудеа се повеќе и повеќе, беше лудо…“

Напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен изминатото лето беше блиску до заминување од Наполи, но сепак на крајот остана.

Нигериецот како и многу други фудбалери имал богата понуда од Саудиска Арабија која била тешко да се одбие.

Во разговор со италијанските медуми тој објаснува дека како што тој им велел „не“, така понудата растела се повеќе и повеќе.

„Точни беа многу работи кои се пишуваа во текот на летото. Но, јас имав договор со Наполи, знаев дека клубот сака да ме задржи и не размислував за заминувае. Понудата од Саудиска Арабија беше огромна и тешко беше да се одбие. На крајот разговаравме со клубот и заедно одлучивме да останам.

Беше лудо…Колку повеќе велев „не“ на саудијците, тие нудеа се повеќе и повеќе. Не сакаа да се откажат, но едноставно јас бев одлучен во својата намера да бидам тука и оваа сезона“, изјави Осимен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Шампионски спомен за Алими: македонскиот дрес на патиките од Далиан

Исник Алими ја прославува титулата во Кина со посебен подарок, на кој место добија и макед…