Во доцниот натпревар од квалификациите од групата И за ЕУРО 2024, Косово го совлада Израел со 1:0 (1:0) на тежок терен во Приштина.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Милот Рашица во 41. минута.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Четвртопласираниот Косово сега има 10 бодови, еден помалку од третопласираниот Израел, кој одигра еден натпревар помалку.
Романија е на врвот со 16 бодови, еден повеќе со натпревар повеќе од второпласираната Швајцарија.
Преостанатиот натпревар меѓу Израел и Швајцарија ќе се одигра во среда.
Натпреварот се играше со високи мерки на претпазливост, а пред почетокот, навивачите ја исвиркаа химната на Израел.
Видеото можете да го погледнете ТУКА