Димитар Бербатов (42), еден од најдобрите бугарски фудбалери на сите времиња и поранешен напаѓач на Баер, Тотенхем, Манчестер Јунајтед и многу други, ја коментираше сезоната на Антони (23).
Крилниот напаѓач не постигна гол, ниту асистираше на 11 настапи и не ги оправда очекувањата кои Јунајтед ги имаше кога го донесе од Ајакс за 95 милиони евра во летото 2022 година.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Покрај тоа, неговата поранешна девојка го обвинила и за насилство, кое се уште не е докажано.
“Антони му се допаѓа на тренерот Ерик тен Хаг. Сите го знаат тоа бидејќи двајцата работеа заедно во Ајакс. Разбирам дека тој има посебен однос со него, како што има секој тренер со играч. Тен Хаг му верува на Антони, кој мора да биде свесен дека има да ја оправда довербата секогаш кога ќе стапне на теренот.
Но, на Антониј засега не му оди најдобро. Мој совет е да ја задржите играта едноставна и да престанете да ја комплицирате. Кога мислите дека сте Роналдињо или Зинедин Зидан, ќе имате уште повеќе проблеми“, изјави Бербатов.