Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Зинедин Зидан во разговор со новинарите откри зошто го носел бројот 5 во Реал Мадрид.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Зидан во 2001 година го напушти Јувентус и се пресели во „кралскиот“ клуб, па ги изненади сите со неговиот избор на број на дрес бидејќи во останатите клубови го носеше дресот со број 10 или 21.
„На претседателот му се допаѓаа класични броеви, од 1 до 11, ми кажа дека не сме во американски фудбал. Десетката беше кај Фиго, а слободен беше само бројот 5 по пензионирањето на Санчис“, вели Зидан.