Заложничката драма доби среќен крај откако таткото на фудбалерот на Ливерпул, Луис Дијаз, е ослободен во Колумбија.
Колумбиските медиуми пишуваат дека мисијата за ослободување на таткото на Дијаз почнала на почетокот на неделава, а заедно со Обединетите нации и со помош на Црквата имале успешни преговори со терористите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Тој ги помина претходните 12 дена во заробеништво од бунтовничката група на Ослободителната национална армија, откако беше киднапиран заедно со неговата сопруга на бензинска пумпа во малиот град Баранкас.
Полицијата за кратко време ја пронајде мајката на Дијаз, додека потрагата по таткото продолжи се додека не беше откриено кој го држи во заложништво.