Дома Фудбал Репрезентации Роналдо се налутил: Бевме како татко и син, откако се вративме од Катар не разговараме

Роналдо се налутил: Бевме како татко и син, откако се вративме од Катар не разговараме

Фернандо Сантош ја напушти фудбалската репрезентација на Португалија по Мундијалот во Катар.

Сантош со Португалија го освои Европското првенство во 2016 година и Лигата на Нации три години подоцна, но за него беше пресудно испаѓањето од Мароко во четвртфиналето од Светското првенство.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Роналдо во ноакут фазата на Мундијалот на последните два натпревари против Швајцарија и Мароко не беше во стартните 11, а очигледно тоа на Роналдо не му се допаднало.

„Не разговараме повеќе. Тоа е една долга приказна, не знам точно од кога и од кој ден. Но, знам дека не сме разговарале откако дојдовме од Катар. Не жалам за ништо, можеби некои работи го повредиај, можеби е лут поради нешто“, изјави Сантош кој тогаш му даде предност на Гонзало Рамош.

„Имав силна врска со Роналдо, не само работна. Се сретнавме уште во Спортинг кога имаше само 19 години. Таа врска растеше откако беше повикан во репрезентацијата, а јас станав селектор. Бевме како татко и син, како постар и помалд брат. На Светското првенство направив потег кој го сметав како добар стратешки во тој момент. Очекував да ме разбере, него таа 2022 година не му беше најдобра“, истакна Сантош.

Сантош по заминувањето од селекторската позиција на Португалија стана селектор на Полска, но и од таму неодамна доби отказ поради лошите резултати во квалификациите за Европското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…