Во текот на вчерашниот ден во Чаир се играше дербито помеѓу Шкупи и Вардар, а на овој натпревар навивачите на Шкупи објавија провокативна парола.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
На транспарентот кој го истакнаа тие го прогласија Скопје за срцето на Албанија.
„Аманетите ни се оставени, аманетот ќе го чуваме, срцето на Албанија, Скопје градот на историјата“, стоеше на нивната парола.
Денес на оваа тема прашање доби министерот за надворешни работу Бујар Османи кои изјави дека не видел за што станува збор.
„Не сум ги слушнал тие пораки. Секоја изјава која што предизвикува етничка нетолеранција е спротивна на законот“, политички се правдаше Османи.