На 77-годишна возраст утрово почина поранешниот македонски кошаркар и тренер на МЗТ Скопје и Работнички, Јанко Луковски.
По завршувањето на кариерата како играч Луковски ги водеше Борец од Велес, а потоа стана тренер на КК Работнички, клубот каде што помина најмногу време како играч. Работнички успеа двапати да го внесе во првата А лига на Југославија и еднаш до финалето на Купот на Југославија.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во тоа финале кое се играше во 1983 година, Работнички беше поразен од Цибона. Во периодот од 1982 1986 работеше и како селектор на Југославија на јунирската, кадетската и селекцијата до 21 година, а со тоа имаше прилика да работи со играчи како: Дражен Петровиќ, Паспаља, Сретеновиќ, Перасовиќ…
Во 2003 година ја основа кошаркарската школа „Спорт Ки“ во Нови Сад, каде што живееше до крајот на животот. Пред неколку години ја имаше и последната обврска во македонската кошарка и тоа како советник во младинската школа на МЗТ Скопје