Дома Фудбал Останато Tрагедија: Млад фудбалер го загуби животот во сообраќајна несреќа

Tрагедија: Млад фудбалер го загуби животот во сообраќајна несреќа

Унгарсксиот фудбалер Марко Варга (26) го загубил животот во сообраќајна несреќа која се случила во Австрија, пренесуваат локалните медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Несреќата се случила во саботата вечер, само еден еден откако го одиграл последниот натпревар за својот клуб на кој бил и стрелец. Според информациите на автопатот А1 возач со комбе со голема брзина удрил во неговиот автомобил.

Брзата помош реагирала веднаш по пристигнувањето и успеала да го оживее, но подоцна во болница фудбалерот им подлегнал на повредите.

Варга бил познат во регионалните лиги на Австрија, а длабока тага изрази спортскиот директор на неговиот клуб, Курт Баумгартнер.

„Не знам што да кажам, ситуацијата е многу тешка за сите нас. Се уште не можеме да поверуваме дека ова се случи“, изјави Баумгартнер.

Варга во младите селекции помеѓу останатите настапуваше за Хонвед, Пушкаш академијата и Видеотон. Играше и за младинските селекции на Унгарија, но никогаш не доби прилика за настап во сениорската репрезентација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Олисе не може да „спие мирно“: Еден клуб му е во мислите, но Баерн не го пушта да замине

Мајкл Олисе е наводно решен ова лето да го напушти Баерн и да се пресели на „Сантјаго Берн…