Легендарниот холандски ас, Кларенс Седорф би можел да отвори ново поглавје во тренерската кариера и тоа во Англија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, британските медиуми тврдат дека Сидорф наскоро би можел да стане нов тренер на англискиот третолигаш Олдам Атлетик. Наводно, Холанѓанецот веќе ги одржал првите разговори со управата на Олдамн, а наскоро се очекува и да и се врати на тренерската работа.
Олдам после десет кола во третото по ранг натпреварување се наоѓа во катастрофална ситуација со седум освоени бодови и дури 25 примени погодоци, што е далеку најмногу во Премиер лигата.
Кларенс Сидорф во досегашната тренерска кариера имаше два неуспешни ангажмани во Милан и Шенжен, каде помина вкупно десет месеци, по пет во двата клуба.