Дома Фудбал Останато Што се случува со Базел?! Не постигна гол цел месец!

Што се случува со Базел?! Не постигна гол цел месец!

Базел е познат како еден од најдобрите и најславни швајцарски клубови, меѓутоа сега овој клуб е далеку од добрите денови.

Во овој момент Базел е при дното на табелата, а формата на последните натпревари не дава оптимизам дека може да се извлечат од калта. Имено, Базел месецов не можеше да избере најдобар гол, а причината е што тимот не постигна ниту еден гол во октомври.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Гол-разликата во овој месец за фудбалерите на Базел беше 0:10. Губеше Базел од противници кои во минатото ги добивал со леснотија, дома беа поразени од Лозана Оши 0:3, со истиот резултат и од Јанг Бојс и Лозана Спорт, а од Сервет загуби со 1:0.

По 11 одиграни кола Базел е 12-ти на табелата, а во својата историја има 20 титули во првенство и 13 во Купот на Швајцарија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Лорис изведе една од најнеобичните одбрани на пенал (ВИДЕО)

ХУГО ЛОРИС (38) изведе една од најнеобичните одбрани на пенал. Со помош на својата нога и …