На доделувањето на „Златната топка“ е снимена урнебесна сцена.
Капитенот на Аргентина и член на Интер Мајами, Лионел Меси по осми пат во кариерата ја доби наградата „Златната топка“ на Франс Фудбал за најдобар играч на годината.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Впечаток е дека покрај славниот Аргентинец, ѕвезда на вечерта беше и најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, кој за прв пат присуствуваше на церемонијата.
Харизматичниот српски тенисер им го украде „шоуто“ на фудбалските ѕвезди во Париз.
Ноле, кој постојано беше во центарот на вниманието, на овој настан имаше исклучително интересна средба со популарниот американски јутјубер „Спид“ (IShowSpeed).
Момчето кое е познато како голем фан на Кристијано Роналдо имал урнебесен разговор со Србинот.
Тој му се доближи на Новак и му рече дека доста добро го познава, но дека не може да се сети кој е.
Следуваше комичниот одговор на Новак:
“Јас сум новата ѕвезда на Милан. Се уште не сум играл, но ќе дебитирам на следниот натпревар. Ќе постигнам хет-трик”, изјави Новак.
Спид се насмевна и срдечно го поздрави српскиот тенисерк.
Погледнете ја оваа урнебесна сцена:
Djokovic just told Speed he plays for AC Milan and he believed it 😭😭😂
— Janty (@CFC_Janty) October 30, 2023
pic.twitter.com/iJA0vmxirX