Дома Фудбал Еве што рече Меси во својот говор по добивањето на осмата Златна топка

Еве што рече Меси во својот говор по добивањето на осмата Златна топка

Капитенот на аргентинската фудбалска репрезентација, 36-годишниот Лионел Меси по осми пат во кариерата ја освои Златната топка за најдобар играч на годината што ја доделува францускиот магазин Франс Фудбал.

Меси ја освои оваа награда благодарение на неговата клучна улога на патот на Аргентина до освојување на светската титула на крајот на минатата година во Катар.

„Се додека можам да продолжам да играм, ќе играм, тоа е она што го сакам. Не можам да кажам датум за повлекување, само играм и уживам.

Ерлинг и Килијан? Тие се две конкурентни ѕверови. Добро го познавам Килијан, а во Ерлинг треба да се види како ги прославува головите. Очекувам тие двајца во иднина да се борат за оваа награда. Тие тоа го заслужија“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Најбогатиот фудбалер во светот е слободен агент и си бара нов клуб

Фаик Болкија, сметан за најбогатиот фудбалер во светот поради огромното богатство на негов…