Дома Македонски спорт Мак ракомет Хрват е новото име во стручниот штаб на Лазаров, а вратата за Стоилов секогаш е отворена

Хрват е новото име во стручниот штаб на Лазаров, а вратата за Стоилов секогаш е отворена

Македонската ракометна репрезентација денес ги започна подготовките за двата контролни натпревари против Грција.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Репрезентацијата на овој прв собир е во малку изменет состав. Исто така по подолго време во стручниот штаб ќе има интернационалец. На местото на Ице Соколески со голманите ќе работи Хрватот, Нино Палевиќ.

Но, не се случи враќањето на Стојанче Стоилов кој би бил голема поддршка за ракометарите.

„Местото на Ице Соколески ќе го пополни Нино Палевиќ. Станува збор за познат хрватски експерт кој му беше помошник на Хорват. Столе Стоилов секогаш има отворена врата во репрезентацијата кога и да посака. Разговаравме има обврски кон Вардар. Секогаш допринесувал, допринесува и ќе помага во репрезентацијата. Нашиот однос е одличен“, изјави Лазаров.

Последниот натпревар за репрезентацијата Стоилов го одигра минатата година во април, додека од оваа не е ниту играч во Вардар каде што е дел од стручниот штаб на тренерот Владо Недановски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Чупиќ е во борба за тренер на сезоната во Лига Европа!

Хрватскиот стратег Иван Чупиќ има можност на одличен начин да ја заокружи својата дебитант…