Жозе Мурињо на пресконференцијата пред дуелот со Славија Прага очекувано зборуваше за престојното дерби во Серија А против Интер.
Тоа ќе биде враќање за Лукаку на „Џузепе Меаца“ каде ќе биде пеколно пречекан, па Мурињо го обвини Интер за двојни стандарди.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не знаев дека Лукаку бил толку важен за Интер. Неговото преминување во Рома е драма, а трансферот на Чалханоглу од Милан е одличен. За мене е изненадување Лукаку да има толку важна улога во историјата на Интер. Па тој таму освои само едно Скудето, има такви уште 200 играчи како него“, изјави Мурињо.