Дома Фудбал Останато Екс-фудбалерот направил скандал – збеснал и се степал со тренерот!

Екс-фудбалерот направил скандал – збеснал и се степал со тренерот!

Maмаду Сако би можел да остане без клуб откако по тренингот на својот Монпелје го нападнал својот тренер Михаел Ден Закариан.

Причината поради која го нападнал е што Закариан не му досудил прекршок на еден тренинг натпревар. По направениот прекршок, Сако тргнал кон излезот од теренот, а потоа тренерот му дофрлил дека не смее да замине затоа што тренингот не завршен.

По тоа Сако целосно ги загубил нервите и го турнал Закариан на подот. Останатите соиграчи веднаш се вмешале и спречиле поголем проблем.

Инаку, Закариан сакаше да се ослободи од Сако во летниот преоден рок, но не се појавија премногу заинтересирани клубови па дефанзивецот остана во Монпелје и одигра само еден натпревар сезонава.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Победата од 5-2 не ги смири навивачите на Јунајтед: ИНЕОС доби брутална порака поради една ѕвезда

Манчестер Јунајтед успеа да оствари убедлива победа против Ипсвич, но славјето на Олд Траф…