Дома Фудбал Останато Ново утро, нови проблеми во Париз – Против ПСЖ поднесена ТУЖБА за мобинг!

Ново утро, нови проблеми во Париз – Против ПСЖ поднесена ТУЖБА за мобинг!

Тимот изгледа застрашувачки, но во соблекувалната има многу проблеми.

Клубот од Париз „меле“ се пред себе, во средата падна големиот Баерн Минхен, но и покрај тоа во соблекувалната има многу проблеми и изгледа дека Унаи Емери сепак не е доволно голем авторитет.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


После конфликтот помеѓу Нејмар и Кавани, во нивните редови се појави нов проблем. Отпишаниот Хатем Бен Арфа ќе поднесе тужба против овој клуб поради мобинг.

Наводно Бен Арфа се наоѓа во немилост на тренерот на Емери кој без објаснување повторно го отстрани од тимот.

Адвокатите на Бен Арфа потврдија дека пред натпреварот против Баерн, тој бил префрлен во резервниот тим, а како причина им било наведено дека го вознемирувал тимот пред важниот натпревар во Лигата на шампионите за кој не бил регистриран.

„Бен Арфа еден еден подоцна беше вратен во тимот, но потоа повторно беше отстранет. Она што беше привремено без објаснување стана перманентно. ПСЖ не го почитува Бен Арфа се однесува кон него како да не е професионалец“, изјавија адвокатите на Бен Арфа за „Л’Екип.

Ова практично е само продолжување на лошите односи помеѓу Емери и Бен Арфа, бидејќи клубот не му дозволи на фудбалерот во текот на летото да го напушти клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…