Дома Фудбал Репрезентации Албанскиот репрезентативец од Куманово: Ја сакам Србија на ЕП, ќе ги победиме 5:0!

Албанскиот репрезентативец од Куманово: Ја сакам Србија на ЕП, ќе ги победиме 5:0!

Репрезентативецот на Албанија со потекло од Куманово, Таулант Сефери испрати провокација до Србите пред клучните натпревари во квалификациите за Европското првенство.

Двете репрезентации се пред пласман на континенталниот шампионат, а Сефери кој е роден во Куманово и кариерата ја започна во нашата земја би сакал игра против Србија.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


„Сакам Србија да биде во нашата група на Европското првенство за да покажеме дека сме подобри. Верувам дека може да ги победиме со 3:0, 4:0 или 5:0“, изјави Сефери.

Сефери е фудбалер кој првите чекори во професионалниот фудбал ги направи во Работнички на 16 години и настапуваше за младинските селекции на Македонија, но со презимето Сулејманов. Исто така во 2014 година одигра и два пријателски натпревари за сениорската репрезентација на Македонија.

Кога ја напушти Македонија замина да игра за Јанг Бојс, Волен, Винтертур и Ксамакс и во 2021 година се пресели во Тирана прво како позајмен фудбалер, потоа во преманентен трансфер. За националниот тим на Албанија на официјален натпревар дебитираше во 2019 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Динамо потврди дека Адеми заминува – го испрати со емотивна порака! (Фото)

По повеќе од една деценија верна служба, Аријан Адеми и официјално се раздели со Динамо За…