Бура од реакции во Шпанија се крена поради случувањата на натпреварот помеѓу Севиља и Реал Мадрид (1:1).
Во дербито на 10. коло во Ла Лига, Винисисус Жуниор влезе во жесток конфликт со домашните фудбалери кои го навредуваа. Претходно Винисиус исто така беше во фокусот бидејќи како и сите останати фудбалери на Реал протестираше барајќи пенал.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Хесус Навас го фаулираше во казнетиот простор, но судијата Рикардо де Бургос Бенготекс не досуди најсторга казна за Реал. Тоа беше само една од низата одлуки кои предизвикуваа реакции.
Поголеми реакции пристигнаа откако камерите и микрофонот на „ДАЗН“ го уловија судијата како признава дека погрешил.
„Да погрешив во таа ситуација. Вини, ти го кажав тоа“…му се обратил судијата на Винисиус.
🚨 During the game against Sevilla, referee Ricardo de Burgos Bengoetxea was captured saying “That I was wrong, of course I was wrong, Viní. I told you so.” @DAZN_ES pic.twitter.com/PNEZFun3S3
— Madrid Xtra (@MadridXtra) October 23, 2023