Дома Фудбал Германија Ова се тројцата фудбалери кои беа ПРОТИВ Карло Анчелоти

Ова се тројцата фудбалери кои беа ПРОТИВ Карло Анчелоти

Претседателот на Баерн, Ули Хенес вчера објави дека пет фудбалери од Баерн биле против Карло Анчелоти и дека тоа било една од причините за отказот на итлијанскиот стратег.

Отказот на Анчелоти му беше додален по дебаклот во Париз и поразот од ПСЖ со 3:0, а управата на клубот, поради тоа беше многу незадоволна и со почетокот на сезоната во Бундес лигата.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Хенес вчера објави дека дури пет фудбалери на тимот биле против Италијанецот, а германските медиуми синоќа ги објавија имињата на тројца од нив. Тоа се Левандовски, Милер и Робен. Ова трио беше во отворен конфликт со Анчелоти. Тоа не сакаа да го кријат ниту во еден момент, па му го свртеа грбот на Анчелоти во оваа сезона.

Успеаа на своја страна да свртат уште двајца фудбалери. На крајот, сметката која ја плати 58-годишниот стратег е тоа што управата му врачи отказ. Привремено решение за клпата на Баерн ќе биде поранешниот играч на овој тим, Французинот Вили Сањол. Но, се уште не е познато кој ќе седне на клупата до крајот на оваа сезона. Сањол ќе го предводи Баерн против екипата на Херта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Милан размисува да го врати Алегри

Италијанските медиуми пренесуваат дека Масимилиано Алегри би можел наскоро да седне на кор…