Дома Фудбал Останато Папу Гомез доби двегодишна суспензија поради допинг

Папу Гомез доби двегодишна суспензија поради допинг

Светскиот шампион со Аргентина, Алехандро Папу Гомез е казнет со суспензија во период од две години поради допинг.

Папу Гомез беше казнет поради позитивен тест во ноември минатата година додека беше играч на Севиља. Тој беше слободен агент и неодамна потпиша договор со Монца.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Како што се вели во извештајот, Папу Гомез паднал на допинг тест додека бил фудбалер на Севиља, и тоа во ноември минатата година, пред мундијалот во Катар.

Фудбалерот тогаш се правдал дека една вечер не му било добро, па земал од сирупот кој го користеле неговите деца без да се консултира со доктор.

Аргентинецот и Севиља беа свесни за проблемот со месеци откако беа известени за позитивниот допинг тест, но дури оваа недела беше изречена двегодишната суспензија.

Интересно е што Гомез со позитивен допинг тест го освои Светското првенство со Аргентина и триумфираше во Лига Европа со Севиља.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Oбезбедена е до крајот на животот: Еве колку ќе треба Роналдо да плати на Георгина, ако ја остави

Кристијано Роналдо ја побара за жена Георгина Родригез, која во случај на развод ќе добива…