Славниот Роберт Просинечки како што стојат работите ќе има нов тренерски ангажман.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според најавите, Просинечки ќе биде тренер на албанскиот Партизани. Медиумите во соседната земја пренесуваат дека хрватскиот стратег наскоро ќе ја преземе екипата и ќе потпише договор на две години.
На клупата, Просинечки ќе го наследи неговиот сонародник Зоран Зекиќ. Легендата на југословенскиот фудбал веќе заминал во Албанија на завршни преговори неговата промоција се очекува да се случи до крајот на неделата.
Просинечки претходно беше тренер на Црвена Звезда, Кајзериспор, Денизлиспор, Олимпија Љубљана и Рудеш. Исто така беше и селектор на Азербејџан и Босна и Херцеговина.