Дома Фудбал Англија Каква „шлаканица“ за Коста: За Батчуаи Диего е апсолутно „неважен“ (Фото)

Каква „шлаканица“ за Коста: За Батчуаи Диего е апсолутно „неважен“ (Фото)

Напаѓачот на Челзи, Батчуаи синоќа на својот тим му донесе голема победа во Мадрид против Атлетико.

„Плавите“ славеа со 2:1, а белгискиот фудбалер постигна погодок за победа во самиот финиш на мечот.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


По натреварот, Батчуаи се дружеше со некогашните играчи на Челзи, а сега членови на Атлетико Мадрид. Секако, се работи за Фернандо Торес и Диего Коста.

Белгиецот одлучи преку социјалните мрежи да го „спушти“ Коста на земја, па под фотографијата со него и Торес напиша:

„Голема чест ми е што запознав голем напаѓач кого го гледав како дете. И не, не зборувам за Диего“, напиша напаѓачот на Челзи.

Секако, се работи за шега на кои Белгиецот е склон и често на социјалните мрежи знае да искоментира се и сешто.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шпанците го изнервирале Алонсо – го прашаа за можниот наследник!

Реал Мадрид во недела со почеток во 21 часот ќе се соочи со Алавес во рамките на 16-то кол…