Репрезентацијата на Босна и Херцеговина доживеа катастрофа на домашен терен од Португалија (0:5).
Португалците сите пет гола ги постигнаа во првите 40 минути од натпреварот, па токму и затоа е изјавата на Един Џеко дека според почетокот неговата селекција и добро поминала.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
„Натпреварот против Лихтенштајн не залажа. Кога ќе примиш гол во трета минута нозете почнуваат да ви се тресат, прелесно примавме голови по индивидуални грешки. Нем ожеме вака. Како започна се и добро поминавме на крајот“, изјави Џеко кој испрати и критика до селекторот.
„Против вакви екипи не можете да играте отворено, едноставно не сме им дораснати. Останува да видиме што можеме да направиме до крајот на квалификациите“, додаде напаѓачот.