Дома Фудбал Aнчелоти доби одлични вести во важен период од сезоната

Aнчелоти доби одлични вести во важен период од сезоната

Реал Мадрид има густ и тежок распоред, а Карло Анчелоти доби одлична вест пред продолжувањето на сезоната.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Давид Алаба и Арда Ѓулер се опоравија од повредите и се вратија на тренинзите.

Австриецот најверојатно ќе биде подготвен за дербито со Севиља во сабота, додека лекарскиот тим не сака да брза со Ѓулер, кој претходно еднаш се врати, па повторно се повреди.

Враќањето на Алаба е и тоа како важна вест за Анчелоти, бидејќи за Едер Милитао заврши сезоната, а по Севиља гостува и во Барселона.

Освен споменатиот Милитао, надвор од терените е уште и Тибо Куртоа, кој исто така нема да игра до крајот на сезоната.

Реал Мадрид е лидер на табелата во Ла Лига со три бода повеќе од Барселона, на која гостува на 28 октомври, додека дуелот со Севиља е закажан за в сабота од 18:30 часот на „Рамон Санчез Пихуан“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Детали за состојбата на Фергусон откако му се слоши на натпреварот против Ливерпул

Фергусон, според aнглиските медиуми се закрепнува откако му се слоши на Олд Трафорд измина…