Дома Фудбал Медиумите во Шпанија ГРМАТ: Конфликт помеѓу Суарез и Валверде?!

Медиумите во Шпанија ГРМАТ: Конфликт помеѓу Суарез и Валверде?!

Eрнесто Валверде не го одобрува однесувањето на Луис Суарез во новата сезона.

После бројните случувања во летниот преоден рок, Луис Суарез скоро и да ја изгуби позицијата на класична дветека во Барса. Во вчерашниот натпревар беше заменет пред крајот на средбата, а на негово место влезе Алекс Видал.

Саурез оваа сезона постигна само два погодоци на седум натпревари, а многумина тоа го препишуваат на причината дека повеќе не е класична деветка туку, крилен напаѓач.

Откако беше заменет, се појави приказна дека Валверде го заменил бидејќи не направил ништо на теренот, а одредени медиуми веќе пишуваа за конфликтот кој го имале во соблекувалната после натпреварот кој Барса го доби со 0:1 и тоа после автоголот на Коатес.

Уругваецот подоцна ги демантираше ваквите информации. Меѓутоа Валверде му замерува што премногу зборува надвор од теренот. Медиумите во Шпанија пишуваа и за тензиите кои се дел од соблекувалната на Каталонците после заминувањето на Нeјмар.

Валверде им ја затвори устата на критичарите, но наводно и го предупредил Саурез: Ова ти е последен пат!

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Модриќ на 41 година не мисли на крај: Со Милан сака титула

Хрватскиот ветеран ја задржува желбата за фудбал, а по триумфот над Интер порача дека Мила…