Дома Македонски спорт Mилевски: Само резултатот е она од што не сум задоволен

Mилевски: Само резултатот е она од што не сум задоволен

Македонската фудбалска репрезентација денес беше поразена од Украина во Прага со 2:0, иако нашите фудбалери одиграа еден солиден натпревар.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


По натпреварот селекторот Благоја Милевски истакна дека е горд на своите фудбалери, но сепка жали за пропуштените прилики.

„Мислам дека сите кои беа на трибините уживаа во натпреварот, Украина и Македонија одиграа одличен натпревар. Горд сум на моите фудбалери и начинот на кои одиграа. Нашата реакција по примениот гол беше одлична. Во второто направивме измени и бевме доминантни, но не ги искористивме нашите шанси. Само резултатот е она од што не сум задоволен“, изјави Милевски.

До крајот на квалификациите, Македонија ќе игра дома против Англија и на гости против Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Шкендија не знае да губи, финалето го заврши со скандалозен потег!

Изненадувачки потег на фудбалерите на Шкендија по финалето од Купот на Македонија. По пора…