Дома Македонски спорт Македонија прими гол, па се разбуди – динамично полувреме во Прага!

Македонија прими гол, па се разбуди – динамично полувреме во Прага!

Украина по 45 минути игра има водство во Прага од 1:0, стрелец на погодокот за Украинците беше Судаков.

Украина од почетокот на натпреварот повеќе напаѓаше и создаваше прилики пред нашиот гол, најактивен беше Михајло Мудрик. По 15 минути игра Мудрик влезе во чиста позиија „еден на еден“ со Димитриевски кој одлично интервенираше и го спаси својот гол.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Притискаше Украина и создаде уште две-три прилики, а до водство стигна по наша грешка во одбраната. погрешија Манев и Атанасов, а потоа по шутот на Судаков топката го погоди Серафиов и заврши зад грбот на Димитриевски.

По тој гол во 30. минута нашата селекција како да се разбуди. Миовски пропушти две добри прилики, свои шанси имаа и Барди и Елмас…Токму овој финиш од првиот дел беше нашиот најдобар период, но за жал не успеавме да го крунисаме со гол.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Португалска радио станица со “You’ll Never Walk Alone” се збогуваше од Жота

Диого Жота (28), крилен напаѓач на Ливерпул и член на репрезентацијата на Португалија, тра…