Дома Фудбал Италија Нови детали: Фудбалерот на Јувентус признал дека се обложувал

Нови детали: Фудбалерот на Јувентус признал дека се обложувал

Против фудбалерот на Јувентус, Николо Фаџоли отворена е истрага за обложување на фудбалски натпревари, а според последните информациите 22-годишниот играч го признал делото.

Фаџоли е под истрага од торинскиот јавен обвинител дека се обложувал онлајн преку нелегални платформи, а ако неговата вина се потврди му се заканува и суспензија од терените до три години.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Денес италијанските медиуми пренесуваат дека Фаџоли им признал на истражителите, но истакнал дека тоа не го правел на нелегални платформи и никогаш не фклучувал тимови за кои играл.

Сепак, според правилото на фудбалерите, тренерите и членовите на стручните штабови им е забрането било какво обложување. Останува сега се види каков исход ќе има крајот на истрагата.

Ќе потсетиме, неодамна во Јувентус имаше и уште еден скандал откако се потврди позитивниот допинг тест на Пол Погба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Навивачите не можат да поверуваат: Барселона подготвена да го продаде Рафиња – одредена и цената!

Рафиња оваа сезона игра во животна форма во дресот на Барселона, и многумина се изненадени…