Дома Македонски спорт Мак фудбал Судиската комисија: Ставрев досуди два непостоечки пенали на натпреварот Воска – Македонија Ѓорче Петров

Судиската комисија: Ставрев досуди два непостоечки пенали на натпреварот Воска – Македонија Ѓорче Петров

На натпреварот  ФК Воска – ФК Македонија Ѓ.П. одигран на 07.10.2023 година, анализирани се ситуациите од 71. и 76. минута.

Главен судија: Александар Ставрев. Помошни судии: Дејан Костадинов и Гоце Петрески.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


71. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА И НЕДОБРА И НЕКОМПЛЕТНА КОМУНИКАЦИЈА СО ВТОРИОТ ПОМОШЕН СУДИЈА (досуден пенал за домашната екипа, при резултат 1:1)

Играч на домаќините прими топка странично во шеснаесетникот на гостинската екипа, во моментот кога ја прими топката играчот на домашната екипа малку се лизна со едната нога, а со другата нога минимално го нагази противничкиот играч кој беше до него и падна.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал за домашната екипа, бидејки играчот на гостинската екипа не направи никаков прекршок над противничкиот играч, во оваа ситуација главниот судија требаше да дозволи играта да продолжи.

Исто така, во оваа ситуација  мора да има подобра и појасна комуникација помеѓу главниот судија и вториот помошен судија.

76. минута: ПОГРЕШНА ПРОЦЕНКА НА ГЛАВНИОТ СУДИЈА (досуден пенал за гостинската екипа, при резултат 2:1 за домашната екипа).

Играч на екипата на гостите беше во налет и посед на топката во шеснаесетникот на домашната екипа, играч на гостинската екипа направи минимален контакт над играчот на гостите, при што во пад ја шутна топката кон голот на домаќините.

Погрешна одлука на главниот судија што досуди пенал, требаше да доволи играта да продолжи, бидејќи контактот беше минимален, без интензитет и недоволен за пенал.

Комплетната анализа можете да ја прочитате – ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…